Британската влада ќе ги протера сите вработени во либиската амбасада

либиски бунтовници

Британската влада ќе ги протера сите останати вработени од либиската амбасада во Лондон. Од Министерството за надворешни работи соопштија дека на либискиот заменик-амбасадор му пренеле дека сите осум вработени во амбасадата мора да ја напуштaт Британија. Велика Британија денеска и официјално ги признаа либиските бунтовници како легитимна влада на Либија