Министерска средба Индија - Пакистан

Индискиот министер за надворешни работи С.М. Кришна и неговата пакистанска колешка Хина Рабани Хар денеска во Њу Делхи.

Министрите за надворешни работи на Индија и Пакистан денеска се среќаваат во Њу Делхи, нивен прв состанок по обновата на мировните преговори на почетокот на оваа година.
И двајцата министри С.М. Кришна и Хина Рабани Хар повикаа на нов дух на соработка меѓу двата регионални нуклеарни ривали.
Индија претходно ги прекина преговорите по терористичките напади врз Мумбаи во кои загинаа 166 лица. Клучниот проблем меѓу двете земји е поделениот претежно муслимански Кашмир.