Авганистан - Убиен гувернерот на Кандахар

Кандахар.

Авганистанските власти соопштија дека денеска е убиен гувернерот на Кандахар.
Станува збор за експлозија пред кабинетот на Гулам Хаидар Хамееди.
Според неговиот портпарол, Абдул Разик, гувернерот бил убиен од бомбаш самоубиец.
Кандахар е местото од каде што потекна талибанското движење.