Палестина бара признавање од ОН

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун и палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала на 16 јануари 2009 година.

Палестинските власти повикаа Генералното собрание на ОН да ја признае палестинската држава и да и овозможи да стане членка на Обединетите нации. Ријад Мансур, палестинскиот пратеник во ОН, соопшти дека палестинските власти имаат намера да поднесат барање до 193-членото собрание да ја признае палестинската држава, бидејќи досега имаат поддршка од 120 земји-членки на ОН. Генералното собрание на ОН треба да го отвори ова прашање на следната годишна сесија во средината на септември.