УНМИК загрижени за ситуацијата на северот од Косово

УНМИК и денеска изрази загриженост за ситуацијата на северот од Косово и ги повика сите страни на воздржаност од акции кои би допринеле за влошување на состојбата. УНМИК го осуди насилството.
Според преставникот на УНМИК Роберт Соренсен, дијалогот е единствениот пат за решавање на отворените прашања.
УНМИК е спремен да помогне во напорите да се смири ситуацијата , се наведува во соопштението.