Тројца мировници на ОН повредени во Либан

Тројца мировници на ОН биле повредени кога возилото со кое се превезувале наишло на бомба поставена на патот во близина на пристанишниот град Сидон во Либан. Сличен напад во близина на Сидон имаше и во мај кога беа повредени шест италијански мировници, што предизвика Италија да го намали мировниот контингент во Либан. Мисијата на ОН во Либан има околу 12 илјади војници.
Мировниците работат заедно со либански војници во јужниот дел на земјата да се задржи мирот во близина на границата со Израел