ЗНМ нема да има претставници во Советот за радиодифузија

Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија денеска соопшти дека во иднина нема да делегира свои претставници во Советот за радиодифузија, а актуелните членови на Советот, предложени од ЗНМ, Бранислав Радовановиќ и Столе Наумов, ги повикува да го преиспитаат своето учество во работата на Советот.
Управниот одбор на ЗНМ на вчерашната седница, ja донеле ваквата одлука принудени од начинот на кој Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за радиодифузија, со кои се зголеми бројот на членови на Советот од 9 на 15.