Адвокатот на човекот осомничен за петочните напади во Норвешка изјави дека неговиот клиент бил дел од меѓународна мрежа која има две ќелии во Норвешка и неколку во странство. Oсомничениот верува дека е војна и дека во воена состојба е нормално да се прават такви работи, вели адвокатот. Според адвокатот Геир Липестад, неговиот клиент е „луд“ и треба да се подложи на прихички третмани. Осомничениот Андрес Бехринг Бреивик како што вели неговиот адвокат не бил свесен за бројот на жртвите ниту за незадоволството на јавноста.