Стечај за А1 телевизија

Tелевизија А1 од денеска и официјално оди во стечај. Така одлучи Основниот суд Скопје-2, постапувајќи по барањето за отворање на постапката која ја предложи првиремениот стечаен управник. Привремениот стечаен управник Ацо Петров рече дека телевизијата има долгови во износ од 30 милиони евра кои нема начин да се наплатат, бидејќи на сметките на А1 имало околу 900 илјади евра. Според Петров видлива е неликвидноста на компанијата, што доведува со тоа дека се
исполнети условите за отворање на стечајна постапка.