Норвешкиот напаѓач имал соработници и во земјата и во странство

Осомничениот Андрес Бехринг Бреивик

Адвокатот на човекот осомничен за петочните напади во Норвешка изјави дека неговиот клиент имал свои соработници и во Норвешка и во странство. Осомничениот рекол дека нападите во кој загинаа најмалу 76 луѓе билe нeопходни затоа што е „состојба на војна“. Осомничениот Андрес Бехринг Бреивик како што вели неговиот адвокат не бил свесен за бројот на жртвите ниту за незадоволството на јавноста.