Почнува доставувањето храна за гладните во Сомалија

Програмата за храна на Обединетите Нации соопшти дека денеска ќе започне со доставување храна во Сомалија. Се проценува дека околу 3,7 милиони луѓе во Сомалија, или една третина од популацијата, гладуваат. Уште милиони други луѓе во Џибути, Етиопија, Кенија и Уганда се погодени од најлошата суша во источна Африка во последниве 60 години. Исламистичките бунтовници, кои контролираат поголем дел од територијата на Сомалија, не дозволуваат влез на хуманитарните организации.