Либиските власти го обвинуваат НАТО за напад на болница

Либискиот лидер Моамер Гадафи

Владата на либискиот претседател Моамер Гадафи го обвини НАТО за бомбашкиот напад на болница источно од Триполи, при кој загинаа 7 лица.
Властите ги однесоа новинарите во урнатата болница и во неколку куќи кои биле уништени при авионскиот напад.