НАТО погодиле болница, при бомбардирањето на Либија

Најмалку 7 луѓе загинале во НАТО бомбардирањата во Либија. Биле бомбардирани цели околу градот Злитен, на 150 километри од Триполи, при што била погодена една болница. Либиските власти одвеле група новинари до разурнатата болница, која според нив е уништена за време на денешните бомбардирањата од страна на силите на НАТО.