УЕФА ги казни федерациите на Романија и на БиХ

Навивачи на БиХ

УЕФА соопшти дека ќе ја казни романската фудбалска федерација со казна од 15 илјади евра затоа што ги предизвикале навивачите на Босна и Херцеговина на натпреварот за кфалификаци за Европското првенство во 2012-та. Романските навивачи на натпреварот одигран на 3 јуни развиорија транспарент на кој пишуваше "Ослободете го Младиќ" во знак на поддршка на поранешниот водач на босанските Срби. На истиот датум Младиќ го имаше првото појавување пред судот во Хаг.
УЕФА соопшти дека, исто така, ја казни и босанската фудбалска федерација со акзна од 15 илјади евра , затоа што нивните навивачи пак ги искорнале седиштата на стадионот.