Убиецот на новинарот Динк доби 23 години затвор

Свеќи пред фотографијата на убиениот новинар

Главниот осомничен за убиството на ерменскиот новинар Хрант Динк доби 23 години казна затвор, одучи судот во Истанбул. Во 2007-та , беше убиен новинарот кој беше уредник на едно списание кое се објавуваше и на ерменски и на турски. Сеге веќе осудениот Огун Самаст го убил новинарот пред неговата канцеларија. Судот на почетокот го осуди на доживотен затвор, но му ја намали казната бидејќи бил малолетен кога го извршил делото.