Хрватска ќе им испрати помош на либиските бунтовници

либиски бунтовници

Хрватска ќе испрати хуманитарна помош во Либија, наменета за либиските бунтовници. Помошта во вредност од 135 илјади евра, се состои во храна, вода и медицински материјал. Бродот кој ќе ја носи помошта би требало во септември да отплови од Хрватска и да го испорача товарот за бунтовниците во Бенгази.
Хрватската Влада ја организира акцијата за помош на бунтовниците во Либија како итна интервентна мерка, а технички координатор е хрватското Министерство за надворешни работи.