Пронајдени сите тела на жртвите од несреќата во Волга

Руските власти соопштија дека ги пронашлe сите 122 тела на жртвите од бродската несреќа која се случи на 10 јули. Тогаш во водите на реката Волга во руската република Татaрстан потона туристичи брод. Во несреќата загинаа 72 жени, 28 деца, и 22-ца мажи. Бродот „Булгрија“, пред да потоне испратил сигнали дека има проблеми со еден од моторите, а исто така пловел без соодветна лиценца. Остатоците од бродот беа извлечени во поплитките води за да може да се прегледа и да се врши истрага.