Регистрирани повеќе пожари во Грција и Албанија

Грција - пожари

Пожари узбувна во Грција и Албанија, а огнот преминува од едната на другата територија, јавуваат грчките медиуми.
Во реонот на градот Јанина, во западниот дел на Грција, огнената стихија уништила шумско земјиште, а преминала и на територијата на Албанија.
Големи шумски пожари веќе неколку дена има и во неколку области во Јужна Албанија - Ѓирокастро, Делвино и Саранда. Огнот отаму пак се пренасочил и кон грчка територија.
Силниот ветер и непристапниот терен го отежнуваат гаснењето на пожарите