Хаџиќ денеска прв пат ќе се појави пред судот во Хаг

Поранешниот политички лидер на хрватските Срби Горан Хаџиќ денеска треба да се појави пред судот во Хаг, соочен со обвиненија за учество во војната во Хрватска од 1991 до 1995 година. Хаџиќ минатиот петок беше екстрадиран од Србија во Норвешка а денеска ќе треба да се изјасни за невин или виновен по 14 обвиненија за криминал против човештвото и воени злосторства. Хаџиќ се товари за учество во масакрот на 250 затвореници во градот Вуковар.