Протести во Белград и Нови Сад по ослободувањето на осомничен воен злосторник

Стотици демонстранти се собраа на улиците во два града во Србија синоќа во знак на незадоволство од одлуката на унгарскиот суд за ослободување на наводен воен злосторник од Втората светска војна. Одлуката за ослободување на Шандор Кепиро предизвика немири во Нови Сад и Белград.

Илјадници цивили, меѓу кои Срби и Евреи, беа масакрирани во операција на нацистичките сили во Нови Сад во Ноември 1942 година. Минатата недела, судот во Будимпешта пресуди дека нема доволно докази во обвинението против 97-годишниот Кепиро, кој се товареше за убиство на повеќе од 30 лица.