САД-тешко одат разговорите за намалување на дефицитот

Од Белата куќа денеска предупредија дека преговорите за намалувањето на дефицитот се одвиваат тешко. Американскиот републикански сенатор Том Кобурн рече дека ќе биде постигнат договор за да се подигне плафонот за задолжување, и тоа на краток временси рок и претседателот Обама ќе нема друг избор освен да го потпише договорот. Белата куќа соопшти дека ќе го поддржи само договор кој доволно ќе го подига плафонот на задолжување. Во меѓувреме, американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека отчукува часовникот за постигнување договор.