Либиските бунтовници ќе добијат 100 милиони евра од Германија

Министерот за надворешни работи на Германија, Гвидо Вестервеле

Либиските бунтовници ќе добијат 100 милиони евра во хуманитарна помош од Германија, соопштија германските власти.
Министерот за надворешни работи на Германија, Гвидо Вестервеле, изјави дека средствата се за да се изградат потребните структури, и да се снабдат со храна и мидицински матријал.
Но дадената помош, всушност е заем, кој подоцна треба да се врати од парите на либискиот лидер Моамер Гадафи, средства кои се на банкарски сметки но во моментот се замрзнати.
Германија не учествува во воздушните напади на НАТО во Либија, и се воздржаа од гласање кога ОН дозволија воена интервенција во земјата.