Ерхард Древс нов командат на силите на КФОР

Од почетокот на септември со меѓународните мировни сили на Косово ќе командува германскиот генерал Ерхард Древс, кој доаѓа на местото на Ерхард Билер,соопштија денеска од КФОР. Новиот командант ќе започне со работа на 9-ти септември. Новиот генерал во армијата е од 1971-та. Досега ја извршуваше функцијата командант на воздухопловната-транспортна единица во Фајтшајм во Германија.