Виетнамците и денеска излегоа на анти-Кина протести

Околу 200 демонстранти учествуваат во анти-кинеските демонстрации во виетнамскиот главен град Ханој ,поради кинеското присуство во Јужното море. Денешниот протест е дел од серијата демонстрации кои се одржуваат веќе два месеца. Демонстрантите бараат Кина да остане надвор од она што тие велат дека е виетнамска територија. Полицијата во последниве неколку недели се обидува да ги задуши протестите. Се апсат демонстрантите, некои од нив дури биле и тепани, но сепак и денеска има протести. Виетнам, Филипини и Кина тврдат дека е нивен делот од Јужното Кинеско Море кој е богат со ресурси.