Во железничката несреќа во Кина загинале 11 луѓе

Најмалку 11 луѓе загинале денеска во Кина, кога екстра-брз воз излетал од шините, јавува државната новинската агенција Ксинхуа. Возот сообраќал на релација Хангжои - Венжои, а излетал од шините во областа Жеџијанг. Во извештајот се вели дека најмалку двајца луѓе паднале во блиската река. Кина потроши 33 милијарди долари за градење на екстра брзата железница.