Белгија забрани носење на фереџе

Во Белгија од денеска стапи на сила забраната за носење превез кој го покрива лицето. Во законот се наведува дека никој не смее да го покрива своето лице до степен до кој не може да биде идентификуван. Ако некој го прекрши законот, се соочува со парична казна од 200 долари. Поддржувачите на законот велат дека фереџето е симбол на угнетување на жените, додека критичарите на законот велат дека законот е насочен против жените муслиманки. Белгија е втората европска земја, која го забрани носењето на вел, по Франција во која законот е на сила од април минатата година.