Индиски Кашмир парализиран од протести

Протести во Кашмир

Генерален штрајк ја парализираше индиската област Кашмир. Луѓето втор ден протестираат за да го изразат својот револт поради силувањето на една жена од страна на двајца војници. Штрајкот допринесе денеска да се затворат повеќето продавници, училишта и канцеларии во поголемите градови во Кашмир. Демонстрантите вчера запалија владино возило и се судрија со полицијата. Во вторникот , 25-годишна жена од јужната област Кулгум, била киднапирана и силувана од страна на две вооружени лица облечени во униформи на индиската армија. Организаторите на протестите побараа независна истрага, која би ја спровеле групите за човекови права или пак Обединетите нации.