Референдум за распуштање на Парламентот во Летонија

Поранешниот претседател Валдис Затлерс

Во Летонија денеска се одржува референдум на кој луѓето се изјаснуваат дали се за распуштање на Парламентот. На референдум повика сега веќе поранешниот претседател Валдис Затлерс, затоа што парламентот одби да му го одземе имунитетот на еден пратеник, кој беше осомничен за корупција. Последните избори во земјата се одржаа во октомври 2010, а претседател беше наименуван на 8 јули годинава. Анкетите покажа дека поранешниот претседател ја има подршката и дека може да освои нови избори. За да се распушти парламентот е потребно обично мнозинство, односно повеќето од тие што излегле, да гласаат дека се „за“ рапуштање на Собранието.