ЕБОР ги ревидира проценките за Западен Балкан

Лондон - влезот во ЕБОР

Европската банка за обнова и развој во својот најнов извештај ги ревидира проекциите за растот на македонската економија за годинава од 2,5 на 3,1 проценти.
Јулските проекции на ЕБОР укажуваат на зголемување на БДП на Македонија за 0,6 проценти во однос на објавените во мај. Следната година, според ЕБОР, економијата во Македонијија ќе забележи три процентен раст, што претставува намалување за 0,1 процент од претходно проектираниот од 3,1 процент.
Според ЕБОР, економските очекувања во Западен Балкан полека се подобруваат. - Босна и Херцеговина, Република Македонија и Србија имаат придобивки од глобалната побарувачка на метал од регионот.