Преставници на Северна и Јужна Кореја имале конструктивен разговор

Нуклеарниот преговарач на Јужна Кореја Ви Сунг-лак.

Нуклеарниот преговарач на Јужна Кореја изјави дека денеска на Бали на маргините на самитот на Асоцијацијата на Азиските земји имал конструктивни разговори со неговиот колега од Северна Кореја.
Станува збор за прва директна средба откако пред две години пропаднаа 6-партитните преговори со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма.
Спроред јужнокорејскиот преставник, на средбата било договорено што поскоро да продолжат 6-партитните разговори.