Иран сака подобрување на односите со Саудијска Арабија

Али Акбар Салехи

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи изрази надеж дека недоразбирањата меѓу Иран и Саудисјска Арабија можат да бидат надминати. Војната на зборови меѓу двете земји во последниве месеци беше предизвикана откако саудијските трупи, во март годинава им помогнаа на силите на Бахреин да се справат со протестите на шиитите. Салехи, во интервју за иранската агенција ИРНА изјави дека Техеран сака мир, стабилност и безбедност во Бахреин.