Списокот со кодоши расте, „Драматург “ е новиот кодош

Првото јавно сведочење пред Комисијата за лустрација

Лустраторите откриле ново досие на лице кое соработувало со тајните служби, јавуваат македонските медиуми. Според информациите кои беа објавени станува збор за лице со псевдоним „ Драматург“ кој бил поранешен носител на јавна функција. Претходно Комисијата за лустрација го обвини за соработка со тајните служби, сега веќе поранешниот претседател на Уставниот Суд Трендафил Ивановски, по него следуваше лидерот на Титови леви сили Слободан Угриновски и последниот верификуван беше пензиониран судија во Врховниот Суд.