Грција пак ќе добие помош

Лидерите на земјите од еврозоната на итниот самит во Брисел се договорија дека Грција треба да добие втор пакет помош во вредност од 109 милијарди евра. Банките и приватниот сектор ќе придонесат со дополнителни 50 милијарди евра. Преседателот на Европската унија, Хераман Ван Ромпуј, изјави дека лидерите на земјите членки на еврозоната докажаа дека ќе напрват се што е потребно за да ја заштитат валутата. Шефот на Европската централна банка, Жан Клод Трише го поздрави новиот потег како важна мерка за да се заштити стабилноста на еврозоната.