Црна Гора ја призна новата Влада на Либија

Црногорската влада ја призна либиската главна опозициска група за легитимна влада на земјата. Во владиното соопштение е наведено дека Црна Гора е подготвена да воспостви соработка со Националниот транзиционен совет на Либија. Претходно, САД и уште 30 други нации ја признаа бунтовничката НТС како дел од напорите да го изолираат либискиот лидер Моамер Гадафи.