Лидерите на еврозоната ќе подготват план за спасување на Грција

Лидерите од еврозоната денеска во Брисел донесоa решение да се подготви инвестициски маршалов план за Грција, се наведува во предлог-договорот на 17-те шефови на држави и влади од земјите членки на еврозоната.
Во документ се наведува дека планот треба да создаде услови за забрзување на темпото на пораст на грчката економија, кое ќе и помогне на земјата да излезе од финансиската криза.

Лидерите на еврозоната на состанокот разговараат за пакетот мерки за помош на Грција кој може да достигне од 115 до 120 милијарди евра. Како и за варијантата за намалување на грчкиот долг за 90 милијарди евра.
Лидерите донеле одлука да го намалат од 4,5 на 3,5 процентот на каматата за кредитите, одобрени на Грција од Европскиот фонд за финансиска стабилност, што ќе овозможи намалување на должничкиот проблем на Атина.
Рокот за отпуштање кредити од Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција и други загрозени земји, како Ирска и Португалија, ќе биде продолжен од 7,5 години на минимум 15 години, според предлог-договорот.
На средбата во Брисел е изнесена и оценка на експертите, според која грчките банки имаат потреба од вкупно 25 милијарди евра за зголемување на капиталот