Nokia бележи загуба од 368 милиони евра

Финскиот производител на мобилни телефони Nokia денеска објави дека во вториот квартал од годината е регистрирана загуба од 368 милиони евра Загубата се должи на намалената продажабта на смартфон. За првпат Nokia е претекната во продажбата од iPhone и од Apple . Продажбата на смартфоните на Nokia падна на 16,7 милиони единици, додека Apple продаде повеќе од 20 милиони. Nokia се искачи на првата позиција во мобилната телефонија во доцните 90-ти кога успеа да го стигне американскиот гигант Моторола.