Собранието расправа за Годишниот извештај на СРД за 2010

Во Собранието се води жестока дебата по расправата за годишниот извештај на работата на Советот за радиодифузија. Пратеникот Емилијан Станковиќ од СДСМ, покажа лист за кој рече дека е писмо од ОБСЕ испратено до спикерот Трајко Вељаноски, во кое се бара ревизија на Законот за радиодифузија со кој СРД премина од девет на 15 членови. Вељаноски негира дека добил писмо од ОБСЕ. Во текот на расправата Марјанчо Николов од СДСМ ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека со гласањето за измените за Законот за радиодифузија, поддржувале активности со кои покажувале дека се „плашат од слобода на медиумите“.