Почина кардиналот на римокатоличката црква во Белорусија

Катедрала во Белорусија

Првиот кардина на римокатоличката црква во Белорусија починал денеска на возраст од 96 години, соопштија црковните власти. Кардиналот Казимир Свионтек е роден во 1914 година во Естонија, но неговото семејство било прогонето во Сибир кога тој имал 3 години. Тој станал свештеник во Полска во 1939 година, а потоа на два пати бил апсен . За кардинал е именуван во 1994-та од страна на папата Јован Павле Втори.