Лидерите на еврозоната на средба за Грција

Лидерите на еврозоната ќе се сретнат денеска да разговараат за новата финансиска помош за Грција. Шефот на ЕК, Жозе Мануле Баросо во Брисел изјави дека ЕУ мора да пронајде решение за должничката криза на Грција или глобалната економија ќе ја плати цената.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози се сретнаа вчера во Берлин да разговараат за пакетот помош од 115 милијарди евра за Грција.