Сирија со предупредување до странските амбасадори

Анти-владини протести во Сирија

Сирија ги предупреди американскиот и францускиот амбасадор да не патуваат надвор од главниот град без дозвола.
Предупредувањето на министерот за надворешни работи Валид ал Моалем е две недели по посетата на дипломатите на Хана, која стана главна точка на протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад.