Филе-апсењето на Хаџиќ, не е доволно за влез на Србија во ЕУ

Kомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе

Kомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе изјави дека апсењето на Горан Хаџиќ е „прекрасна вест", но дека тоа не е замена за исполнување на критериумите Србија да стане кандидат за членка во ЕУ.

„Ако ме прашате дали апсењето на Младиќ и Хаџиќ се доволни Србија да добие кандидатски статус, јас не би се сложил“, изјави Филе за РСЕ.

Тој наведува дека апсењето на Горан Хаџиќ е исклучително важно прашање, и остранува важна политичкa пречка на патот на Србија кон Европската унија, но дека сепак остануваат уште голем број на прашања за Србија , кои се уште немаат резултати.