Руските власти уапсија висок член на нуклеарната служба

Владимир Путин во „Росатом“

Руските власти денеска уaпсиле поранешен висок член на нуклеарната служба, заради проневера на државни фондови за истражување и за „крадење“ туѓи идеи од интернет. Властите соопштуваат дека го уапсиле Јевгениј Јевстратов кој е поранешен заменик директор на Дирекцијата за атомска енергија „Росатом“ . Тој е обвинет за проневера на 1.8 милиони долари од државни фондови и за проневера на дополнителни 2 милиони долари потрошени за проекти. Ако биде осуден, може да добие 10 години казна затвор.