Aмериканската Амбасада за Законот за амнестија

собрание дебата

„Не е соодветно ние да коментираме како земјата ги интерпретира сопствените закони, ние ја разбираме болката и загубата што одредени заедници ја претрпеле во изминатите конфликти, ние искрено се надеваме дека сите заедници и поединци ќе може да ја надминат болката од минатото во правец на помирување и кон една посилна и пообединета земја“, реагира американската амбасада во Скопје на вчерашното изгласување на измената на Членот 1 во Законот за амнестија, пренесува Канал 5. Собранието со 63 гласови за и 29 против го изгласаа законот. Роднините на жртвите од конфликтот и денеска бараа средба со властите. Тие најавуваат оспорување на законот пред Уставниот суд и постапка против државата пред судот во Стразбур.