Либиската влада не дискутира за повлекување на Гадафи

Министерот за надворешни работи на Либија Абделати Обеиди

Министерот за надворешни работи на Либија Абделати Обеиди денеска изјави дека Владата воопшто не дискутира за заминување на лидерот Маомер Гадафи од власт. Неговата изјава е реакција на денешниот предлог од француските власти Гадафи да остане во земјата, но под услов да се повлече од политичкиот живот. Обеиди денеска во Москва имаше средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.