Хашкиот трибунал се подготвува за екстрадиција на Хаџиќ

Портпаролот на судот во Хаг Нерма Јелачиќ 

Хашкиот трибунал е во комуникација со претставниците на српските власти и се подготвува за екстрадирање и прифаќање на Горан Хаџиќ во Шевенинген, изјави портпаролот на судот во Хаг, Нерма Јелачиќ.
Постои одредена правна процедура, која српските власти мора да ја почитуваат пред да го предадат во наша надлежност, така што очекуваме конечната одлука да биде донесена во рок од неколку денови, изјави Јелачиќ. Таа додаде дека Трибуналот се подготвува и за именување на дежурен судија пред кој Хаџиќ ќе се изјасни дали е виновен, многу брзо откако ќе биде префрлен во Хаг.