Баросо: Ситуацијата со Грција е многу сериозна

Папандреу и Баросо

Ситуацијата во Грција е многу сериозна, изјави председателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во пресрет на утрешниот самит на лидерите од еврозоната во Брисел, посветен на вториот пакет за спасување на Грција и намалување на опасноста кризата да зафати и други земји од Унијата.
Баросо апелираше до сите шефови на држави и влади на утрешниот самит да покажат етика и европска одговорност, и да ги спроведат ветувањата, да се обезбеди стабилност во еврозоната.
Председателот на Еврокомисијата потсети и дека европските држави се меѓусебно зависни, а поддршката која треба да и се даде на Грција не претставува опција, туку реалност.