Хаџиќ нема да се жали на одлуката за испорака во Хаг

Хаџиќ влегува во специјалниот суд во хаг

Одделението за воени злосторства во Вишиот суд во Белград донесе одлука дека се исполнети претпоставките за испорачување на хашкиот обвинет Горан Хаџиќ. Неговата одбрана денеска најави дека нема да поднесе жалба на одлуката. Неговиот адвокат Тома Фила рече дека нема да ја обжалат одлуката бидејќи од тоа нема ефект. Хаџиќ го слушнал обвиненоето, рекол дека го разбира, но не се изјаснил по него. Фила изјавил дека Хаџиќ е малку болен но дека сепак се чуствува добро.