Камерон зборува за медиумскиот скандал пред британскиот парламент

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска одговара на прашања во британскиот парламент во врска со скандалот за прислушкување поради кој се затвори медиумот News of the World. Камерон се сослушува затоа што во мај минатата година го вработи како негов директор за комуникации, поранешниот уредник на весникот Едни Коулсон. Коулсон беше уапсен претходно овој месец , по обвиненија дека знаел за телефонските прислушкувања.
Ако се докаже дека Коулсон знаел за прислушкувањето, ќе биде виновен за лажење на полицијата, за криво сведочење, како и за лажење на премиерот, а тоа значи дека ќе се соочи со кривично гонење, рече Камерон.
Вчера пред Парламентот свои обраќања имаа Руперт Мурдок и неговиот син, за нивната улога во скандалот во еден од нивните медиуми. А беше сослушана и поранешната директорка на британскиот дел од корпорацијата Ребека Брукс.