ОН прогласија состојба на глад во јужна Сомалија


Обединетите Нации прогласија состојба на глад во два региона во јужна Сомалија, кои се под контрола на бунтовниците. Таму владее суша со години, а постојано има и конфликти. Според Обединетите Нации, моментално над 3 ипол милиони луѓе во јужна Сомалија се во тешка криза, а поради конфликтот, хуманитарните организации не можат да дејствуваат.