Земјотрес ја потресе Централна Азија

Силен земјотрес ја погоди Централна Азија во областа на долината Фергана. Потресите биле почувствувани далеку од епицентарот и предизвикал паника меѓу локалното население. Американската геолошка служба јави дека земјотресот бил со сила од 6.2 степени според рихтеровата скала. За сега нема информации за повредени или настрадани.